вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Вести

Општа мобилизација на полицијата во Нигерија

Општа мобилизација на полицијата во Нигерија

Началникот на нигериската полиција М. А. Адаму нареди општа мобилизација на полициските сили за „враќање на јавниот простор од криминалните елементи маскирани во демонстранти“ по повеќедневни немири и протести против полициското насилство во кои беа убиени најмалку 69 лица.

Во наредба што може дополнително да ги зголеми тензиите во најнаселената африканска земја, Адаму побара „доминација во јавниот простор“. Тој ги повика „чесните граѓани да не паничат и да ги здружат силите со полицијата за да ги заштитат своите заедници од криминалци“.

Војници пукаа во демонстрантите во Лагос во вторникот, убивајќи најмалку 12 лица.

Многу Нигеријци оттогаш го критикуваа претседателот Мухамаду Бухари за тоа што не ги спомна убиствата во своето обраќање и наместо тоа ги предупреди граѓаните да не ја „нарушуваат националната безбедност“.

Владата тврди дека протестите биле преземени од насилници кои ограбиле и запалиле автомобили и деловни простории по инцидентот во вторникот.

Бухари рече дека биле убиени 51 цивил, како и 11 полицајци и седум војници.

Коронавирус