недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Опозицискиот лидер на Мали почина од последици од Ковид-19

Опозицискиот лидер на Мали почина од последици од Ковид-19

Лидерот на опозицијата на Мали, Сумаил Цисе, кој шест месеци беше во заложништво на џихадистите и се сметаше за водечки кандидат на изборите во 2022 гдина, почина во Париз.

Неговото семејство.соопшти дека 71-годишниот Цисе починал откако се инфицира со Ковид-19.

Тој во март беше заробен од џихадистите поврзани со Ал Каеда. Владата на Мали во октомври издејствува негово ослободување, заедно со француските и италијанските заложници, во замена за ослободување на околу 200 џихадисти од затворите во Мали.

Коронавирус