недела, 18. август 2019. Вести денес: 58
home Вести

Опозицијата во Венецуела подготвува протест

Опозицијата во Венецуела подготвува протест
Venezuelan opposition activists clash with the police during a protest against the government of President Nicolas Maduro on April 6, 2017 in Caracas. Violence erupted for a third straight day at protests against the government, escalating tension over moves to keep the leftist leader in power. / AFP PHOTO / JUAN BARRETO

Венецуелската опозиција планира уште протести со цел да се запрат војниците кои ја попречуваат хуманитарната помош од САД, која според претседателот Николас Мадуро е чекор кон инвазија предводена од САД.

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо ќе предводи митинг во источниот дел на Каракас, но демонстрации се очекуваат во целата земја. Тие ќе го одбележат Денот на младоста, но и ќе оддадат почит на 40 лица кои беа убиени за време на антивласините митинзи во јануари.

– Се враќаме на улиците за да овозоможиме влезот на хуманитарната помош да стане реалност. Тоа ќе им го спаси животот на повеќе од 300.000 Венецуелци, рече Гуаидо.

Мадуро, пак, ќе предводи марш на млади левичари. Тие ќе протестираат против „империјалистичкото мешање“ во центарот на Каракас. Владата соопшти дека таму ќе собира потписи од луѓе кои ја отфрлаат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.