сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Опериран саудискиот крал Салман

Опериран саудискиот крал Салман

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз е успешно опериран, соопштија денеска властите во Саудиска Арабија, само неколку дена откако беше примен во болницата поради воспаление на жолчното ќесе.

Кралот го оперирале хирурзи во специјалистичката болница „Кинг Фајзал“ во Ријад, јави  државната новинска агенција СПА, објаснувајќи дека интервенцијата е извршена лапароскопски, што е постапка со низок ризик со која вообичаено се изведуваат само мали резови и со мала камера што им помога на хирурзите во работата.

Кралот Салман (84)  ќе остане во болницата извесно време на закрепнување и медицински надзор, наведува СПА, повикувајќи се на изјава на саудиската кралска канцеларија.

Кралот Салман е на власт од јануари 2015 година. Тој е последниот саудиски монарх од генерацијата на неговите браќа кои ја задржаа власта уште од смртта на нивниот татко и основач на Саудиска Арабија, кралот Абдулазиз.

Неговата здравствена состојба внимателно се следи заради апсолутните овластувања што го има како шеф на земја – една од најголемите светски производители на нафта и една од најголемите светски економии.

Коронавирус