среда, 25. мај 2022. Вести денес: 168
home Вести

Опасно слетување во Сочи – доколку се плашите од летање со авион, од оваа глетка ќе ви се заврти во умот (ВИДЕО)

Опасно слетување во Сочи – доколку се плашите од летање со авион, од оваа глетка ќе ви се заврти во умот (ВИДЕО)

Авион не можеше да слета во Сочи и отиде да направи уште еден круг поради силниот ветар, а од вториот обид слета странично!
На аеродромот во Сочи авион не можеше да слета првиот пат поради силниот ветар на бурата. Неуспешното слетување е забележано на видеоснимката објавена на инстаграм-профилот @sochi__today, посветен на животот на овој туристички град.

На снимките објавени на интернет се гледа како авионот се доближува до земјата, но му пречат налетите на ветрот кои достигнуваат 30 метри во секунда. Откако речиси ја допира пистата, авионот повторно се крева и заминува да направи уште еден круг.

Опасното слетување ги импресионираше корисниците на интернетот. „Вистински професионалци, за инает на ветриштата!“, „Да се направи уште еден круг е вистинската одлука во ваква ситуација“, „Ми запре здивот. Секоја чест на пилотите кои во неколку секунди успеаја да ја донесат вистинската одлука“, напишаа тие.

Коронавирус