вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Опаѓа ли моќта на Себастијан Курц во светската политика?

Опаѓа ли моќта на Себастијан Курц во светската политика?

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) денеска во Парламентот ќе поднесе барање за гласање недоверба на преодната Влада на австрискиот канцелар Себастијан Курц, иако и самата е дел од таа администрација.

Лидерката на СПО Памела Ренди Вагнер синоќа соопшти дека претседателството на таа партија и сугерирално на својата пратеничка група денеска да поднесе барање за гласање недоверба на целата влада.

Претходно, „Јецт“ соопшти дека СПО ќе поднесе барање за гласање недоверба само на канцеларот Себастијан Курц, а не и на целата влада, откако од неа излезе Слободарската партија (ФПО) по т.н. Ибица скандал.

Вагнер одлуката ја образложува со тоа што Курц не ги искористил последните 10 дена од кризата за да создаде стабилност, да придобиа мнозинство за својот предлог за нова влада, туку парламентот го ставил пред свршен чин.

Доколку ФПО го поддржи предлогот, тогаш Владата на Курц ќе биде смената по смао пет дена на власт.

Инаку, претседателот на Австрија Александер ван дер Белен се изјасни против „уривање“ на преодната влада и при полагањето заклетва на новите министри апелираше до политичарите да не размислуваат партиско-политички, туку државотворно до предвремените избори.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Коронавирус