четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Вести

Онлајн протест во Иран поради смртна казна за тројца демонстранти

Онлајн протест во Иран поради смртна казна за тројца демонстранти
MASHHAD, IRAN - JANUARY 4: Thousands of Iranians hold banners and posters as they take part in a pro-government rally in Mashhad, Iran on January 4, 2018. (Photo by Nima Najafzadeh/Anadolu Agency/Getty Images)

Бран протест денеска го зафати Иран при што луѓето масовно на Интернет го искажуваат своето спротивставување на смртната казна за тројца млади Иранци поради учество во демонстрации минатата година.

Повеќе од два милиони луѓе изразија несогласување користејќи го хаштагот „не за егзекуција“ во текот на изминатите 24 часа, јавија локалните медиуми.

Протестите доаѓаат откако портпаролот на Министерството за правда, Голам-Хусеин Исмаили, рече дека Врховниот суд вчера ја потврдил смртната казна за тројца демонстранти.

Тој не рече кога ќе биде извршена казната.

Иран со денови се соочуваше со немири по зголемувањето на цената на бензинот во ноември 2019 година. Протестите беа насилно задушени од безбедносните сили.

Во тоа време беа уапсени над илјада демонстранти. (МИА)

Коронавирус