среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 49
АКТУЕЛНО

Активни над 20.800 случаи на коронавирус

home Вести

ОН: Во судирите во Јемен 40 загинати, 260 повредени

ОН: Во судирите во Јемен 40 загинати, 260 повредени

Најмалку 40 лица се убиени, а 260 повредени за време на неколкудневниот вооружен судир во главниот град на Јемен, Аден, соопшти хуманитарната координаторка во Јемен Лиза Гранде, претставувајќи го денеска специјалниот извештај на ОН за таа земја.

„Десетици цивили се убиени и повредени од 8 август, кога избувнаа борбите во Аден. Прелиминарните извештаи покажуваат дека дури 40 лица загинале, а 260 повредени“, се вели во извештајот.

Координаторката на ОН ги повика спротивставените страни „да ги исполнат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право и да направат се што е можно за да ги заштитат сите јеменски цивили од сите делови на земјата“.

Коронавирус