понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 55
home Вести

ОН усвои резолуција за хуманитарна помош за Сирија

ОН усвои резолуција за хуманитарна помош за Сирија

Советот за безбедност на ОН синоќа од петти обид усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден граничен премин со Турција.

За резолуцијата гласаа 12 членки на СБ на ОН, а Русија, Кина и Доминиканската Република беа воздржани.

Со оваа одлука се стави крај на неколкудневните несогласувања меѓу Русија и Кина, од една страна, а другите 13 членки од друга страна, кои двапати гласаа да ги задржат двата премини од Турција, кои досега служеа за хуманитарна помош.

И двата пати, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата.

Германија и Белгија, кои предложија резолуција со два гранични премини, беа принудени да се повлечат откако Русија се закани дека повторно ќе стави вето, а најновиот нацрт на Русија предвидуваше отворање на само еден премин од Турција во наредната година.

Помошта беше одобрена еден ден откако истече дозволата за шестгодишната хуманитарна операција за Сиријците во северозападниот дел на земјата, последното упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб. (МИА)

Коронавирус