понеделник, 27. јуни 2022. Вести денес: 49
home Вести

ОН: Убиството на палестинската новинарка е потенцијално воено злосторство

ОН: Убиството на палестинската новинарка е потенцијално воено злосторство

Убиството на истакнатата палестинска новинарка Ширин Абу Аклех е „потенцијално воено злосторство“, изјави вчера специјалната известувачка на ОН за Палестина, Франческа Албанезе.

Албанезе во интервју за Анадолија изјави дека злосторството е „сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и потенцијално воено злосторство, согласно Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд“.

Новинарката ветеранка, Абу Аклех, беше меѓу репортерите кои побрзаа да влезат во северниот град Џенин, на окупираниот Западен Брег, за да известуваат за напад на израелската војска пред да биде убиена од израелските сили, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Албанезе, исто така, истакна дека „трагичната смрт на Ширин Абу Аклех е уште еден сериозен напад врз новинарството, слободата на изразување и правото на живот и безбедност на окупираните палестински територии“.

-Атентатот на Абу Аклех мора да биде темелно истражен на транспарентен, ригорозен и независен начин, додаде таа.

Таа, исто така, повика на прекин на насилството во окупираните палестински територии, велејќи дека „сега е вистинското време да се бара крај на нелегалната окупација на Палестина“.

Претходно вчера телевизијата Ал Џезира ги обвини израелските сили за „намерно и ладнокрвно убиство на Абу Аклех“.

Коронавирус