вторник, 2. март 2021. Вести денес: 161
home Вести

ОН: Треба да погледнеме на загадувањето на воздухот како закана за човековите права

ОН: Треба да погледнеме на загадувањето на воздухот како закана за човековите права

Загадувањето на воздухот одамна е еколошки и здравствен проблем, но сега на него треба да се гледа како и на проблем со човековите права. Тоа го нагласува специјалниот претставник на ОН за човекови права и заштита на животната средина.

-Загадувањето на воздухот води до 7 милиони случаи на предвремена смрт во светот секоја година, од кои 600.000 кај деца, велои Дејвид Бојд.

– Ако ги ставиме тие 7 милиони случаи во контекст – тоа се повеќе смртни случаи во година отколку во војни, убиства, туберколоза, ХИВ и маларија заедно, вели експертот на ОН.

– Тоа е светска здравствена криза за која треба да заземе став. Загадувањето на воздухот го нарушува правото на живот, на здравје, правата на детето и го нарушува правото за живот во здрава животна околина, додае тој.

Бојд, професор на Универзитетот на Британска Колумбија, претстави во Женева синоќа извештај пред Советот на ОН за правата на човекот.

Коронавирус