четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 18
home Вести

ОН стравува од 800.000 бегалци

ОН стравува од 800.000 бегалци

Офанизвата на сирискиот режим во покраината Идлиб во северозападна Сирија може да натера на бегство дури 800.000 цивили, кои веќе живеат во бедни услови, предупреди денеска ОН.

Последното големо упориште во Сирија, покраината која се наоѓа на турската граница, е на мета на власта на Башар ал- Асад и неговиот руски сојузник.

– Во случај на ескалација во оваа област, стравуваме дека можеби ќе бидат раселени околу 800.000 луѓе, предупреди во Дамаск портпаролката на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на ОН, Линда Том.

-Огромниот број на луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош би можел драстично да се зголеми, додаде таа.

Официјалната претставничка на ОН го истакна „големиот опсег на хуманитарна катастрофа што можела да се случи во областа Идлиб”.

Околу три милиони жители живеат во Идлиб и во отцепените делови во соседните провинции Хама, Алепо и Латакија.

Речиси половина се раселени лица, од кои некои од насилството избегаа во други места во Сирија, во која од 2011 година во војната загинаа повеќе од 350.000 луѓе.

Два милиони луѓе се сметаат за ранливи категории на лица на кои им е потребна хуманитарна помош. (МИА)