понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 92
home Вести

ОН со итен апел за помош: Некои мајки со кал ги ранат децата, 34 милиони се пред масовна глад

ОН со итен апел за помош: Некои мајки со кал ги ранат децата, 34 милиони се пред масовна глад

Шефот на ОН апелираше итно да се соберат 5,5 милијарди долари за да се спречи пропаст на 34 милиони луѓе во над 30 држави во светот кои се на чекор до масовна глад.

Шефот на Светската програма за храна предупреди дека 270 милиони луѓе во светот оваа година се соочуваат со „криза од глад“.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН, Антониот Гутереш истакнал дека над 88 милиони луѓе страдале од акутна глад на крајот од 2020 година поради немири и нестабилност, што е 20 проценти повеќе од годината претходно. Проекциите за 2021 година укажуваат на продолжение на овој застрашувачки тренд.

Извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бизли изјавил дека лидерите одговориле на неговото предупредување пред една година кога светот бил на работ на пандемија од Ковид-19 и „пандемија од глад“ која би можела оваа година да дојде до „глад од библиски размери“.

За несреќа, рекол Бизли, она што во 2020 година билоп загрижувачки, во 2021 е реалност.

-Поради новиот бран на Ковид-19 економиите се уште не се вратени во нормала. Денес морам повторно да предупредам дека повторно одиме на работ на дупката. Сега 270 милиони луѓе се соочуваат со глад, изјавил Бизли.

Гутереш истакнал дека Конго минатата година ја доживеал најголемата криза за храна во светот, со близу 21,8 милиони луѓе кои гладувале од јули до декември, а Бизли кој минатата недела ја посетил оваа земја посочил дека овој број расте.

Во Авганистан 17 милиони луѓе се во слична ситуација, има четири милиони повеќе гладни од минтата година. Во Нигерија забележно е застрашувачко зголемување од пет на 13 милиони глад, а во Сирија по 10 години војување има над 12 милиони гладни.

Десет години по прогласувањето независност на Јужен Судан, Гутереш истакнува дека 60 проценти од населението е гладно со хронично насилство, екстремни временски прилики и економски последици од Ковид-19 кои над 7 милиони лица ги турка кон акутен глад.

Бизли кој на почетокот од февруари посетил еден регион во Јужен Суда, истакнал дека слушнал дека таму „мајките ги ранат децата со кожа од угинати животни, па дури и со кал поради што е нужна итна акција“.

Гутереш му порача на Советот на безбедност: „Ако не ги храните луѓето, ги храните немирите“.

ЕУРО 2020

Македонија