сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ОН: Следните 12 месеци се клучни во битката за климата

ОН: Следните 12 месеци се клучни во битката за климата

Следните 12 месеци ќе бидат клучни во битката за климата, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш, цитиран од ДПА.

Гутереш од говорницата на Меѓународната конференција за климата во Мадрид подвлече дека светот станува сепотопол и тоа се случува много побрзо отколку што луѓето дозволија. Неповратните точки се сосема видливи и се приближуваат со молскавична брзина, предупреди тој, пренесе ДПА.

Гутереш забележа дека ограничувањето на глобалното затоплување во рамките на 1,5 степен Целзиусов, што е една од набележаните цели во договорот за климата од Париз, се уште може да се постигне, но дополни, човечештвото многу заостанува.

-За да го запреме трендот на глобално загревање над овие вредности, ќе треба да преземеме мерки, вклучувајќи го и неградењето нови електроцентрали на јаглен по 2020 година и потоа државите и цели индустриски сектори, како бродоградбата, да ги натераме да преземат обврски да бидат јаглеродно неутрални во  следните децении, рече генералниот секретар на ОН.

Гутереш повика на „повеќе амбиција, повеќе солидарност и поитни дејствија”.

Во вчера објавеното истражување и Светскиот економски форум (СЕФ) се приклучи кон повиците до владите и компаниите да ги намалат емисиите за штетни гасови.

Истражувањето покажува дека до овој момент само 67 од вкупно 193-те земји членки на ОН, одговорни за помалку од 15 проценти од глобалните емисии, презедоа обврски да ги сведат своите емисии на штетни гасови на нула.

-Владите и компаниите треба да ги зголемат своите амбиции и да почнат да набројуваат конкретни цели и да ги практикуваат, изјави извршниот директор на СЕФ, Доминик Вогреј.