петок, 18. септември 2020. Вести денес: 115
home Вести

ОН: Само половината од жените во светот носат одлуки за своето здравје

ОН: Само половината од жените во светот носат одлуки за своето здравје

Само околу половина од жените во светот можат да донесат сопствена одлука за согласноста на сексуален однос  и здравствена заштита, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека ограничените права во толкав обем и стојат на патот на родовата рамноправност.

Секоја четврта жена не можела да одбие сексуални односи, а поголем процент од нив не биле во состојба да донесат сопствени одлуки за здравствената заштита, покажа истражувањето на Фондот на ОН за население (УНФПА) , што утврди дека женските права во некои земји опаѓаат, пренесуваат британските медиуми.

Постигнувањето родовна рамноправност до 2030 година беше една од глобалните цели што ОН ја усвои во 2015 година во борбата против општествените проблеми, како сиромаштијата и судирите.

„Способноста на жените да донесуваат одлуки за репродуктивното здарвје, употребата на контрацепција и сексуалните односи е од пресудно значење за родовата рамноправност и универзалниот пристап до сексуалното и репродиуктивно здравје и права“, се наведува во извештајот на УНФПА.

-УНФПА се обиде да утврди дели жените имаат пристап до здравствената заштита и дали можат сами да донесуваат одлуки за контрацепцијата и одбивањето на сексуален однос, изјави Емили Филмер-Вилсон , советничка во УНФПА за човекови права, укажувајќи дека само 55 отсто од жените биле во состојба да одговорат на сите три прашања, што покажале резултатите од анкетата спроведена во 57 земји низ светот.

-Факторите што влијаат на способноста на жените да донесуваат сопствени одлуки го вклучуваат нивото на образование, возраста на која се омажиле и ставовите на нивните сопрузи, наведе Филмер-Вилсон.

Коронавирус