вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Расте бројот на цивили жртви во источна Украина

ОН: Расте бројот на цивили жртви во источна Украина
epa07017908 Pro-Russian rebels carry a missile to a surface-to-surface missile complex BM-21 Grad during their military exercises on a shooting range near Luhansk, Ukraine, 13 September 2018. The Russian Federation uses its largest Vostok 2018 war games to bring Uragan multiple rocket launcher systems closer to the border with Ukraine the spokesman of the Ukrainian Defense Ministry Dmytro Hutsuliak said to local media. EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Обединетите нации предупредија дека во изминатите три месеци се зголемува бројот на цивили убиени во судирите во источна Украина.

Се смета дека во украинскиот конфликт досега биле убиени над 10.000 луѓе, а најмногу од жртвите загинале во првата година на конфликтот, од 2014 до 2015 година, по што беше договорен прекин на огнот. Но, од средината на мај до средината на август биле убиени 12 цивили, а 93-ца биле ранети.

Ова е за една третина повеќе од бројот на жртви во претходниот трисемечен период.

Проруските сепаратисти контролираат делови од источна Украина, околу градовите Луханск и Донецк, додека украинските сили се обидуваат да го спречат нивното ширење кон запад или кон брегот на Азовско Море. (МИА)

Коронавирус