четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 121
home Вести

ОН: Првпат има можност преку преговори да се стави крај на војната во Авганистан

ОН: Првпат има можност преку преговори да се стави крај на војната во Авганистан

Специјалниот претставник на Обединети нации во Авганистан, Тадамичи Јамамото синоќа изјави дека првпат во последните 17 години постои можноста за завршување на војната во Авганистан преку мировни преговори.

Тој го информира Советот за безбедност на ОН за случувањата во Авганистан, при тоа потенцирајќи дека е најважно е да има одредени активности поврзани со преговорите помеѓу двете завојувани страни.

Јамамото потсети дека авганистанската Влада за време на конференцијата за Авганистан во Женева предложила јасен мировен план и оти формирала делегација која директно ќе преговара со талибанците.

Следниот важен чекор ќе биде средба на претставниците на делегаците на авганистанската Влада и талибанците.

МИА

Коронавирус