четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 42
home Вести

ОН предупредуваат на менталните болести поради кризата со коронавирусот

ОН предупредуваат на менталните болести поради кризата со коронавирусот

Обединетите нации предупредуваат дека пандемијата на коронавирусот може да предизвика широк спектар на психолошки заболувања и ги повика државите да го вклучат менталното здравје и психосоцијалните проблеми во нивниот план за борба против Ковид-19, се наведува во денеска обкавениот документ на светската организација.

Оттаму се наведува дека пандемијата сериозно влијае врз менталното здравје на медицинските професионалци, отпуштените работници, семејствата во кои училиштето е преместено во домот, па се до старите лица кои страдаат од осаменост и вознемиреност, пренесува Би-Би-Си.

Во документот се наведува дека доброто ментално здравје е клучно за функционирањето на општеството и дека без да се грижи за тоа, светот ќе се соочи не само со пандемија, туку и со психичка здравствена криза.

Коронавирус