петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Повеќе од 10.000 деца се убиени или повредени во војната во Јемен

ОН: Повеќе од 10.000 деца се убиени или повредени во војната во Јемен

Во текот на изминатите години на граѓанска војна во Јемен се убиени или ранети повеќе од 10.000 деца, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, сепак, додаде дека оваа бројка сигурно е многу поголема бидејќи не се пријавени многу смртни случаи и повреди на деца. Од 15 март 2015 година до 30 септември 2021 година, официјално се регистрирани 3.455 смртни случаи, а повеќе од 6.000 деца се повредени.

Елдер како срамен го оцени фактот дека секој ден во оваа земја најмалку четири деца умираат или се повредуваат.

Обединетите нации проценија дека војната во Јемен, што трае од 2014 година, ја предизвика најголемата хуманитарна катастрофа во светот. На повеќе од 11 милиони јеменски деца им е потребна некаква форма на хуманитарна помош.

Елдер додаде дека во Јемен има доволно храна, но дека луѓето гладуваат затоа што немаат доволно пари да ја купат.

-Тие гладуваат бидејќи возрасните ја продолжуваат војната во која децата се најголемите губитници, рече тој.

За време на седумте годин и од граѓанската војна во Јемен загинаа околу 130.000 лица.

Коронавирус