среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОН почнаа истраги за напади во Авганистан во кои беа убиени цивили

ОН почнаа истраги за напади во Авганистан во кои беа убиени цивили
DOD92 - 19990729 - -, IN FLIGHT : The file picture shows an US AC-130H Spectre gunship dropping flares during a training mission 29 June 1997. US forces deployed an AC-130 gunship in a raid on Taliban forces around Kandahar on Monday, 15 October 2001, marking the first time the deadly special forces aircraft had been used since the US air strikes on Afghanistan began, a US Defense official said. EPA PHOTO DOD FILES/USAF/pbz/mr

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан го истражува загинувањето на 21 цивил при напади во текот на викендот, за кои се смеат дека се извршени од американски борбени авиони, вклучени во акциите за поддршка на операциите на авганистанската армија против талибанците.

Истрага за нападите почнаа и авганистанската армија, како и американските сили.

– Ги анализираме сите оперативни, разузнавачки податоци за нашите операции во Вардак, вклучително и податоците добиени од нашите авганистански партнери. Бунтовниците честопати користат вакви обвинувања за да предизвикаат раскол меѓу армијата и населението, изјави потпаролот на американските сили во Авганистан, Грент Нили.

Во едниот инцидент, во областа Вардак, загинаа 10 деца на возраст од шест до 15 години, како и две жени – сите членови на едно семејство. Во неделата, пак, во воздушен напад во областа Каписа беа убиени четири деца и три жени, како и девет талибански бунтовници.

Коронавирус