вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

ОН: Пандемијата може во Африка да убие 300.000 луѓе

ОН: Пандемијата може во Африка да убие 300.000 луѓе

Пандемијата на коронавирусот може да убие најмалку 300.000 Африканци и во екстремна сиромаштија да турне 29 милиони лица, соопшти вчера Економската комисија на ОН за Африка (УНЕЦА), повикувајќи се на безбедносната мрежа вредна  100 милијарди американски долари.

Во Африка досега 54 земји пријавија 20.000 потврдени случаи на инфекцијата, што е малку во споредба со остатокот од светот, каде се заразени два милиона лица.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) пред два дена  предупреди дека во Африка за три до шест месеци може да има и 10 милиони заразени случаи.

„За заштитата и изградбата на нашата заедничка благосостојба потребни се 100 милијарди американски долари за како одговор веднаш да се создаде здравствена и социјална безбедносна мрежа“, се наведува во извештајот на УНЕЦА, пренесува Хина.

Оваа агенција на Обединетите нации, исто така, го поддржува и повикот на африканските министри за финансии за дополнителни 100 милијарди американски долари стимул, што ќе вклучува и прекин на долговите кон странство.

УНЕЦА предвидува четири сценарија што се темелат на нивото на превентивно дејствување на африканските влади.

Без овие интервенции, истражувањето предвидуваше дека годинава да се заразат повеќе од 1,2 милијарди Африканци,  а 3,3 милиони да умрат. Но, и во најдоброто сценарио, каде  сите влади ги спроведуваат мерките, на Африка и се закануваат 122,8 милиони заразени лица, 2,3 милиони хоспитализирани и 300.000 мртви.

Локални избори 2021