петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 171
home Вести

ОН: Кризата со глад во Африка погоди 18 милиони лица

ОН: Кризата со глад во Африка погоди 18 милиони лица

Обединетите нации денеска предупредија дека 18 милиони луѓе во регионот Сахел во Африка во следните три месеци ќе бидат погодени од силна глад, пред се, поради војната во Украина, пандемијата на коронавирусот, климатските шокови и зголемените цени.

Кризата со глад може да доведе до зголемена миграција на луѓето од погодените области, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Тешката глад на регионот Сахел од 2014 година им се заканува на повеќето луѓе, а особено се загрозени четири земји: Буркина Фасо, Чад, Мали и Нигер, каде што речиси 1,7 милиона лица се соочуваат со алармантни нивоа на несигурност со храната, наведе ОН.

-Делови од регионот Сахел, голема површина што се протега низ субсахарска Африка, имаа најслабо земјоделско производство во последните повеќе од една деценија, а недостигот на храна може да се влоши до крајот на летото, изјави портпаролот на Светската програма за храна Томсон Феар.

Директорот на OCHA, Мартин Грифитс, кажа дека „комбинацијата на насилство, несигурност, длабока сиромаштија и рекордно високи цени на храната поттикнуваат глад и носи милиони луѓе на работ на преживување“.

Канцеларијата на ОН предводена од Грифитс донира 30 милиони американски долари од својот фонд за итни случаи на Буркина Фасо, Мали, Чад и Нигер.

Коронавирус