вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 76
home Вести

ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси

ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси

Обединетите нации соопштија дека седум земји премногу доцнат со плаќањето придонеси, па затоа ја губат можноста за гласање во Генералното собрание со 193 членки.

Портпаролот на ОН, Стефан Дизарик изјави дека станува збор за Венецуела, Либан, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен.

Тој истакна дека уште три држави – Комори, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, исто така доцнат, но е одлучено да можат да го задржат својот глас до септември.