вторник, 21. август 2018. Вести денес: 95
home Вести

ОН го осуди насилството на израелската армија и побара независна истрага

ОН го осуди насилството на израелската армија и побара независна истрага

Канцеларијата на Обединети нации за човекови права денеска го осуди „ужасното смртоносно насилство“ на израелските безбедносни сили во Појасот Газа во текот на вчерашните протести и побара независна истрага.

– Израел има право да ги брани своите граници според меѓународното право, но смртоносна сила може да биде употребана само како последна опција и истата не е оправдана со тоа што Палестинците приоѓаа до граничната ограда, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН, Руперт Колвил.

Протестите организирани поради дислоцирањето на Амбасдата на САД од Тел Авив во Ерусалим прераснаа во насилство при што се убиени најмалку 58 Палестинци, а повредени се околу 2.700 лица.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница за новонастаната ситуација во Појасот Газа. Седницата е на барање на Кувајт, а палестинскиот претставник побара СБ да го осуди убивањето на Палестинци.

Од друга страна израелскиот претставник во ОН побара од СБ да го осуди Хамас, кој ги предводеше протестите поради отворањето на новата Амбасада на САД во Ерусалим.

МИА