четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 4
home Вести

ОН го избра Исланд на местото на САД во Советот за човекови права

ОН го избра Исланд на местото на САД во Советот за човекови права

Генералното собрание на ОН го избра Исланд на местото на САД во Советот на ОН за човекови права, по одлуката на администрацијата на Трамп Вашингтон да ја напушти оваа организација со седиште во Женева.

Исланд беше номиниран од групата на западните земји и доби 172 гласа, а Франција доби еден, предизвикувајќи смеа во салата за заседанија.

Постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли изјави дека администрацијата на Трамп ја донела оваа одлука, затоа што САД не можат да останат членка на „лицемерна и користољубива организација која се подигрува со човековите права“.

Советот на ОН за човекови права има 47 членки и во него има одреден број места за секој регион на светот.

Мандатот на Исланд почнува веднаш и ќе трае до 31 декември 2019 година. (МИА)

Коронавирус