сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОН формираа Фонд за помош за Авганистан

ОН формираа Фонд за помош за Авганистан

Обединети нации денеска објавија дека формирале специјален доверителен Фонд, што ќе користи донаторски средства за да обезбеди итно пари за Авганистанците.

Одлуката за формирање на фондот уследи по замрзнувањето на средствата на Авганистан по преземањето на власт од страна на талибанците.

Администраторот на Програмата за развој на ОН (УНДП), Аким Штајнер истакна дека Германија, која прва уплатила 50 милиони евра во фондот и била во контакт со други донатори.

-Разговорите во изминатите неколку недели се фокусирани на изнаоѓање начин за мобилизирање на овие ресурси со оглед на тековниот економски колапс и континуираната посветеност на меѓународната заедница да не ги напушти граѓаните на Авганистан, истакна Штајнер.  (МИА)

Коронавирус