понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

ОН бара ослободување на мигрантите и бегалците од затворите

ОН бара ослободување на мигрантите и бегалците од затворите

Организациите на Обединети нации ја повикаа меѓународната заедница за време на пандемијата со новиот коронавирус да ги заштити мигрантите, бегалците и апатридите и под итно да ги ослободи мигрантите и бегалците од затвор.

Организациите на ОН, Комесаријатот за човекови права (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Светска здравствена организација (СЗО) во заедничко соопштение ја предупредија меѓународната заедница дека мигрантите, бегалците и апатридите се ризични групи за време на пандемијата со Ковид-19.

Тие предупредуваат дека мигрантите и бегаците живеат во кампови и колективни центри каде недостасуваат основна здравствена заштита и хигиенски услови.

Во заедничкото соопштение се наведува дека ризичната популација треба да има еднаков пристап до тестовите и лекувањето од новиот коронавирус.

– Посебно е загрижувачка ситуацијата со бегалците и мигрантите кои се во официјален и неофицијален притвор и претстојуваат во пренатрупани и несоодветни објекти. Поради смртоносната опасност од коронавирусот тие лица под итно треба да бидат ослободени, без никакво одложување, се посочува во соопштението.

До сите земји е упатен апел да се почитуваат човековите права на мигрантите и бегалците и да не ги депортираат за време на пандемијата, туку да им обезбедат здравствена контрола.

Коронавирус