петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Олаф Шолц избран за канцелар на Германија

Олаф Шолц избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија.

Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД), Шолц, ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи (ФДП).

Тој доаѓа на местото на Ангела Меркел, која заминува по 16 години на чело на Германија.

Утринското гласање во долниот германски законодавен дом – одржано со тајно гласање и без дебата – беше само формалност

Немаше сериозно сомневање дека германскиот Бундестаг во секое време ќе го избере Олаф Шолц за нов сојузен канцелар.

Со тајно гласање во парламентот, Шолц ја доби поддршката од 395 од 707 присутни пратеници, изјави во средата претседателот на Бундестагот Бербел Бас. За да биде избран на Шолц му беа потребни 369 гласови.

Шолц е деветтиот повоен канцелар на Сојузна Република Германија, а заклетвата ќе ја положи во текот на денот, јавуваат германските медиуми.

Шолц и неговиот кабинет од 16 министри – седум од СПД, пет од Зелените и четворица од ФДП – ќе бидат именувани од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во претседателската палата, а ќе положат заклетва во Бундестагот.

Коронавирус