понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Оксфордски универзитет открива колку трае имунитетот на коронавирусот

Оксфордски универзитет открива колку трае имунитетот на коронавирусот

Научниците ќе продолжат да следат дали претходната инфекција влијае на сериозноста на болеста доколку се појави повторна инфекција. Малку е веројатно дека луѓето кои биле заразени со Ковид-19 може повторно да се инфицираат во рок од шест месеци од првата инфекција, покажуваат податоците на британско истражување спроведено врз здравствените работници.

Истражувањето е добра вест за повеќе од 51 милион луѓе кои биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, објавија научниците од Универзитетот во Оксфорд, автори на студијата.

-Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои го прележале Ковид-19 нема да се заразат повторно, рече Дејвид Ер, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

Според него, инфекцијата со Ковид-19 ги ​​штити повеќето луѓе од повторна инфекција најмалку шест месеци.

-Не најдовме нова симптоматска зараза кај ниту еден од испитаниците кај кои беа пронајдени антитела, додаде тој.

Истражувањето траеше 30 недели, помеѓу април и ноември оваа година.  (МИА)

Коронавирус