понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Околу 90 китови повторно се насукаа на Нов Зеланд

Околу 90 китови повторно се насукаа на Нов Зеланд

Повеќе десетици китови се насукаа и угинаа на Нов Зеланд, за помалку од една недела откако иста судбина имаа 145 црни делфини со крати перки и девет џуџести китови убици.

Околу 90 китови синоќа се насукаа во заливот Хенсон на оддалечените Чатамски Острови со околу 600 жители.

Новозеландската Служба за заштита на животните на брегот пронајде 50 угинати китови, додека 40 успеа да ги врати во вода.

Еден од насуканите китови е успиен, бидејќи бил во лоша состојба.

Минатиот викенд 145 црни делфини со крати перки се насукаа и угинаа или беа успиени на островот Стјуарт.

Во неделата на Северниот Остров беа пронајдени 10 џуџести китови убици. И покрај напорите на 200 луѓе, кои успеаја да вратат осум китови во вода. Но, седум од нив до средата повторно се насукаа и беа успиени.

За сега нема докази дека е поврзано насукувањето на китовите. Китовите можат да се насукаат поради низа причини – нивна погрешна навигација, бегство од предатори, повреда или болест, како и поради човечки фактор односно подводна бучава.

Коронавирус