вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 13
home Вести

Околу 70 мигранти се обиделе да допливаат до италијанскиот брег

Околу 70 мигранти се обиделе да допливаат до италијанскиот брег

Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце“, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

Мигрантите кои скокнале во морето се дел од група од околу 270 мигранти кои ги пронашла италијанската крајбрежна стража и полицијата.

Мигрантите биле поделени во три спасувачки бродови помеѓу 8 и 10 септември, а екипажот сè уште чека инструкции каде би можеле да бидат распоредени.

Италијанската крајбрежна стража префрлила две трудници и сопругот на една од нив на копното со цел да им обезбеди медицинска заштита.

За време на пандемијата на коронавирусот, италијанските власти забранија спасувачките бродови да застануваат во италијанските пристаништа. (МИА)

Коронавирус