вторник, 11. август 2020. Вести денес: 98
home Вести

Околу 200 приведени пред протести на опозицијата во Казахстан

Околу 200 приведени пред протести на опозицијата во Казахстан

Околу 200 луѓе беа уапсени денеска пред демонстрации на двете опозициски партии во Алмати, во Казахстан, држава богата со нафта во Централна Азија.

Според западни медиуми, полицијата привела триесетина активисти на непризнатата од властите Демократска партија кои се обидоа да одржат митинг во Алмати.

„Слобода за Мамај!“ – протестираа демонстрантите во одбрана на Жанболат Мамај, истакната личност во партијата, кој беше уапсен вчера и осуден на три дена затвор како иницијатор на протестниот повик.

Неговата бремена сопруга Инга Иманбај беше меѓу активистите приведени денеска, но подоцна беше ослободена.

Според очевидци, околу 70 лица биле уапсени од полициските службеници на пат кон местото, наведено како пункт за демонстрантите.

Коронавирус