недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Околу 20 мигранти од Африка се удавија вои Средоземно Море, се трага по исчезнатите

Околу 20 мигранти од Африка се удавија вои Средоземно Море, се трага по исчезнатите

Туниските власти соопштија дека при превртување на чамец во Средоземно Море се удавиле околу 20 мигранти од Африка, кои се обидувале да пристигнат до брегот на Европа.

Телата на жртвите се пронајдени во близина на тунискиот град Сфакс.

Пет лица го преживеале бродоломот, а 20 се водат како исчезнати. Во чамецот имало од 40 до 50 луѓе, кои сакале да пристигнат до Италија.

Се претпоставува дека мигрантите се од потсахарска Африка.

Коронавирус