вторник, 2. март 2021. Вести денес: 171
home Вести

Околу 2.500 американски војници се останати во Авганистан

Околу 2.500 американски војници се останати во Авганистан

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трмап вчера изјави дека бројот на војници во Авганистан, е на најниско ниво во изминатите 19 години. Но, тој не наведе бројка.

Во Авганистан сега се распоредени околу 2.500 американски војници.

Трамп повтори дека негова долгогодишна желба е во целост да се повлечат американските војници од Авганистан.

– Секогаш ќе бидам посветен на запирање на бескрајните војни, истакна Трамп.

Администрацијата на Трамп во февруари минатата година постигна договор со талибанците за повлекување на американските војници од Авганиста во рок од 18 месеци.

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден се залага за задржување на мал број антитерористички сили во Авганистан.

Според Законот за одбрана, што Конгресот го изгласа пред две недели на Пентагон му е забрането да ги користи средствата од минатогодишниот и овогодинешниот буџет за намалување на бројот на војници во Авганистан на помалку од 4.000. Трамп стави вето на законот, но Претставничкиот дом и Сенатот гласаа за поништување на претседателското вето.

Коронавирус