вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Околу 150 позитивни случаи на Ковид-19 во хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез

Околу 150 позитивни случаи на Ковид-19 во хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез

Околу 150 бегалци и мигранти се заразени со Ковид-19 во хотелот во кој што се сместени во местото Краниди на Пелопонез, според пишувањата на грчките медиуми, но и според заменик –градоначалникот на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако вчера беше соопштено дека 28-годишна бремена жена од Сомалија, сместена во конкретниот хотел за бегалци и мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција е позитивна на Ковид-19, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираа сите 470 лица кои престојуваат во хотелот, како и вработените.

Јосиф Мертирис, заменик –градоначалник на општина Ермионида, во чии рамки е и Краниди, местото каде што се наоѓа хотелот, говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека до сега, потврдени се 150 позитивни случаи.

Од 13 часот по локално време, во тек е состанок во Краниди на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, генералниот секретар за азил, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, како и градоначалникот и префектот на периферијата, за евентуално преземање конкретни мерки.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас пред почетокот на состанокот рече дека не постои причина за паника.

Локални избори 2021