сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 127
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Охајо: Шестмина повредени при удар на автомобил во црква (ФОТО)

Охајо: Шестмина повредени при удар на автомобил во црква (ФОТО)

Шест лица се повредени денеска кога еден маж со автомобил удрил во ѕид на Методистичката црква во Колумбус, каде во тек била утринската служба, при што го скришил витражот на прозорците на црквата.

Пожарникарите соопштија дека повредените се здобиле со исеченици и други повреди. Полицијата засега сè уште го нема објавено идентитетот на човекот, кој управувал со автомобилот или неговите мотиви.

Инцидентот се случил во момент кога верниците пееле, а автомобилот го пробил ѕидот на црквата.

Според свештеникот, ѕидот едноставно „експлодирал”, а парчиња стакло се разлетале насекаде.

Во тој момент во црквата имало невообичаено голем број верници, бидејќи во неа биле изведувани  посебни божиќни песни.

МИА

Парламентарни избори 2020