сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 61
home Вести

Огромно невреме, улиците претворени во реки: Италија доживеа хаос (ВИДЕО)

Огромно невреме, улиците претворени во реки: Италија доживеа хаос (ВИДЕО)

Италијанското крајбрежје во средата беше погодено од силно невреме, кое корнеше дрва од корен, а најмалку 18 луѓе се повредени, но нема жртви.

Трудница се здобила со повреди на лицето и главата, додека останатите се здобиле со модринки и други повреди, околу главата.

Градот кој паѓал, нанел големи штети врз автомобилите, кршејќи им ги шофершајбните и прозорите, а оштетил и кров од зграда.

Како што пишуваат тамошните медиуми, улиците се претворени во реки.