понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 166
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: Прв случај на коронавирус во Мадрид

ОФИЦИЈАЛНО: Прв случај на коронавирус во Мадрид

Првиот случај на заразен со новиот коронавирус е регистриран и во Мадрид, со што вкупниот број на заболени во Шпанија достигна седум лица, соопштија шпанските агенции, повикувајќи се на здравствените власти од престолнината.

Станувало збор за 24-годишен маж, кој пред извесно време се вратил од северна Италија.

Во врска со нараснатиот број на болни од коронавирусот шпанското Министерство за здравство на луѓето им препорача да не патуваат за Иран, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Јапонија и четири италијански области.

Според последните податоци, бројот на жртви од вирусот  во Италија достигна 11, а заразените се над 320. Повеќето од болните живеат во северните области Ломбардија и Венето.

Заради ширењето на епидемијата и Русија денеска им препорача на своите граѓани да не патуваат за Италија, Иран и Јужна Кореја „до стабилизирање на ситуацијата”, наведе на својот сајт руската Санитарна агенција, пренесоа француските медиуми.

Коронавирус