недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 14
home Вести

Официјални претставници на Велика Британија и ЕУ разгледуваат проширување на членот 50

Официјални претставници на Велика Британија и ЕУ разгледуваат проширување на членот 50

Британски и европски претставници ја разгледуваат можноста за проширување на членот 50 од Лисабонскиот договор, кој се однесува на излезот од ЕУ.

Таа информација се појави поради стравот дека договорот за Брегзит нема да заврши до 29 март, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Три различни извори од ЕУ потврдиле за весникот дека британските власти испратиле „неофицијална сугестија” за проширување на членот 50, иако Владата тврди дека нема намера да бара продолжување на преговарачкиот период. 

МИА