четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 93
home Вести

Официјален претставник на СЗО за новата варијанта на коронавирусот: Омикрон е многу пренослив, но не паничете

Официјален претставник на СЗО за новата варијанта на коронавирусот: Омикрон е многу пренослив, но не паничете

Главниот научник на Светската здравствена организација Сумја Сваминатан денеска изјави дека новата варијанта на коронавирусот, омикрон е многу пренослива, но дека луѓето не треба да паничат поради тоа.

За време на интервјуто за конференцијата Ројтерс Некст, Сваминатан рече дека вистинскиот одговор е да се биде подготвен и внимателен и да не се паничи за новата варијанта.

– Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година – рече Сваминатан.

Појавата на новата варијанта не е добредојдена, рече таа, но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините од почетокот на пандемијата.

Делови од Европа веќе се бореа со бранот делта инфекции.

– Мора да почекаме, да се надеваме дека ќе биде поблаго… но рано е да се заклучи за варијантата во целина – истакна Сваминатанова.

Коронавирус