петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Официјален крај на војната помеѓу Еритреја и Етиопија

Официјален крај на војната помеѓу Еритреја и Етиопија

Претседателот на Еритреја, Исаја Афверки и премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска потпишаа заедничка декларација за мир и пријателство, со што првпат се воспоставени официјални дипломатски односи помеѓу двете држави по прекин од две децении.

Со потпишувањето на Декларацијата, официјално е ставен крај на воената состојба помеѓу двете соседни држави, изјави еритрејскиот министер за информации Јамаен Гебремескел.

Голем број жители на Етиопија ја прославија Декларацијата на социјалните мрежи, а за свои профилни слики ставија фотографија од двајцата лидери во прегратка.

Премиерот на Етиопија вчера пристигна во официјална посета на Еритреја, каде беше пречекан од претседателот Афверки.

Војната помеѓу Еритреја и Етиопија траеше од 1998 до 2000 година, но имаше спорадични судири до 2016 година.

(Миа)

Коронавирус