четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 50
home Вести

Официјален Берлин: Две европски лаборатории потврдија дека Навални е отруен со новичок

Официјален Берлин: Две европски лаборатории потврдија дека Навални е отруен со новичок

Германската Влада денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле оти рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отруен со нервен агенс новичок.

Претходно, присуството на таа супстанца кај Навални потврди и германска воена лабораторија.

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, денеска изјави дека примероци се испратени и до Организацијата за забрана на хемиско оружје и оти ќе ги тестира во нејзините референтни лаборатории.

– Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за понатамошни чекори, додаде тој.

На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде од тогаш е на лекување. (МИА)

Коронавирус