петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Одземен имунитетот на Хуан Гуаидо, па сега може и да го апсат

Одземен имунитетот на Хуан Гуаидо, па сега може и да го апсат

Парламентот на Венецуела усвои одлука за укинување на имунитетот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, со што се овозможува негово апсење.

На барање на претседателот на Врховниот суд на Венецуела, Маикело Морено, Парламентот одржа вонредна седница и едногласно му го одзеде имунитетот на Гуаидо, кој е претседател на таа институција.

Гуаидо кон крајот на јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а Врховниот суд му изрече забрана за напуштање на земјата. Тој ја прекрши таа одлука и во февруари замина во Колумбија. Потоа ги посети Бразил, Парагвај, Аргентина и Еквадор и на 4 март се врати во Венецуела.

Коронавирус