недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 34
home Вести

Одложени безбедносните разговори меѓу САД и Кина

Одложени безбедносните разговори меѓу САД и Кина

Кина денеска соопшти дека планираните разговори во областа на безбедноста со САД се одложени на американско барање.

Двете земји спорат околу трговските односи, како и за статусот на Тајван и пловидбата во Јужното Кинеско Море.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунин изјави дека двете страни се договориле овие разговори да ги продолжат во октомври.

– САД неодамна изразија желба за дијалог и ние ќе останеме во контакт, изјави Хуа.

Од кинеска страна било информирано дека не се задоволни од амерканските санкции кон нејзини офицери, како и поради доставувањето на оружје за армијата на Тајван.

Локални избори 2021