четврток, 4. март 2021. Вести денес: 3
home Вести

Одложена пробата на претседателската инаугурација-САД под засилени безбедносни мерки

Одложена пробата на претседателската инаугурација-САД под засилени безбедносни мерки

Пробата за инаугурацијата на идниот претседател на САД Џо Бајден што беше закажана за во недела е одложена поради безбедносни причини.

Како што објавува Ројтерс, пробата сега била одложена за во понеделник а тимот на Бајден исто така го откажал патувањето на новиот претседател од Вилмингтон за Вашингтон што било планирано за во понеделник поради нарасната загриженост за неговата безбедност.

Инаку ФБИ соопшти дека досега се уапсени над 100 лица поврзани со насилниот упад во Капитол Хил.

Авиокомпаниите и аеродромите во САД соопштија дека ги зголемиле безбедносните мерки пред претседателската инаугурација на која во естрадниот дел ќе настапат Лејди Гага која ќе ја отпее националната химна и Џенифер Лопез.

Коронавирус