среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

Одделот за истражување и развој на кинеската компанија „Хуавеи“, „Фјучрвеи“, почнува одделување на дејноста од компанијата-мајка, откако во мај САД го стави технолошкиот гигант на „црната листа“, информираат извори за американски медиуми.

Одделот „Фјучрвеи“ им забранил на вработени на „Хуавеи“ да влезат во неговите канцеларии, ги префрлил своите вработени на нов информациски систем и им забранил да го користат името или логото на „Хуавеи“ во комуникација. Сепак, кинеската компанија ќе продолжи го поседува својот дел.

Поделбата на дејноста следи откако многу американски универзитети ги прекинаа своите партнерства со „Хуавеи“, како реакција на обвинувањата на САД дека компанијата претставува ризик за национална безбедност. Некои образовни институции размислуваат да прекинат со заедничка работа и со други кинески компании.

„Фјучрвеи“ има стотици вработени во Силиконската долина и регионите на Сиетл, Чикаго и Далас. Компанијата има над 2.100 патенти.

Стравувањата на универзитетите се дека „Хуавеи“ ги користи партнерствата за да презема и користи истражувања од областа на вештачката интелигенција, телекомуникациите и роботиката, кои можат да се користат за хакерски или шпионски операции, или, пак, да и дадат предност на кинеската компанија пред американските конкуренти.

Одделот „Фјучрвеи“ не може да биде ставен во истата црна листа како „Хуавеи“, бидејќи е регистриран во САД.