Британскиот суд денеска го одби барањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да се укине налогот за негово апсење. Со тоа Асанж и понатаму ќе остане во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се наоѓа повеќе од пет години, за да избегне екстрадиција во САД.
Судијата Ема Арбутнот изјави дека не ја убедиле „дека треба да биде повлечен налогот за апсење“.
Во случај Асанж да излезе од Амбасадата на Еквадор, тој ќе биде уапсен, бидејќи ќе ја прекрши условната слобода.
Асанж беше обвинет и за силување во Шведска, но тој негираше. Во меѓувреме, шведскиот суд го отфрли делото.
Асанж се плаши од екстрадиција во САД, каде би му било судено поради објавување на доверливи воени и дипломатски документи, што беше најголемо протекување на информации во американската историја.