понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 66
home Вести

Одбиена кандидатурата на синот на Гадафи за претседателските избори

Одбиена кандидатурата на синот на Гадафи за претседателските избори

Либиската изборна комисија вчера јави дека ја отфрлила кандидатурата на Саиф ал Ислам Гадафи, синот на либискиот диктатор Моамер ел-Гадафи, за претседателските избори, закажани на 24 декември.

„Саиф ал Ислам Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за ’злосторства против човештвото’. Тој ја поднесе својата кандидатура на 14 ноември и е еден од 25-те одбиени кандидати“, се наведува во соопштението на Високата изборна комисија (ХНЕК).

ХНЕЦ образложи дека 25-те кандидатури се одбиени врз основа на повеќе законски одредби, како и дописи од државниот правобранител, началникот на криминалистичката полиција и претседателот на Управата за пасоши и државјанства.

Изненадувајќи ги сите во земјата, додека не се знаеше каде се наоѓа, Сеиф ал Ислам (49) својата кандидатура ја поднесе во Себха, на југот на земјата, иако кон крајот на јули, во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој ја навести можноста за враќање во политичкиот живот на Либија.

Претседателските избори на 24 декември треба да ја означат промена во земјата по хаосот и братоубиствените борби по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година.

ХНЕЦ неделава соопшти дека биле поднесени 98 кандидатури, меѓу кои и од две жени.

Коронавирус