петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Одбиен буџетот на португалската социјалистичка Влада, на повидок нови избори

Одбиен буџетот на португалската социјалистичка Влада, на повидок нови избори

Португалската десничарска парламентарна опозиција и радикалната левица, вчера заедно гласаа за отфрлање на буџетот на социјалистичката влада за 2022 година, отворајќи го патот за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Антонио Кошта, кој е на власт од 2015 година, благодарение на поддршката на левичарските формации, ја отфрли можноста за оставка, но конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуса предупреди дека ќе ги искористи своите овластувања за да се распушти парламентот во случај на буџетски ќор-сокак.

Отфрлањето на законот за буџет, прв ваков случај во португалската демократија од 1974 година, не значи автоматско паѓање на владата или предвремени избори закажани за есента 2023 година.

Претседателот, избран на непосредни избори во јануари, има право да го распушти парламентот врз основа на неговата улога како арбитер во кризна ситуација.

-Доколку собранието не може да го усвои буџетот, на Португалците треба да им се даде збор да кажат што мислат за идното собрание, изјави вчера претседателот Де Соуса.

„Последното нешто што и треба на земјата е политичка криза во овие околности“, изјави премиерот Коста пред гласањето што го означува крајот на кревката левичарска алијанса што му овозможи да ја „сврти
страницата“ на десничарската политика на штедење во замена за меѓународната спасувачка програма што на Португалија и беше доделена во 2011 години.

-Се надевам дека оваа фрустрација ќе се претвори во стабилно и силно мнозинство, додаде тој и рече дека ќе ја почитува „конечната одлука“ на шефот на државата.

За да го распушти парламентот и да одреди датум за избори, претседателот мора да одржи официјални консултации со партиите во парламентот и со неговиот државен совет.

Коронавирус