понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 145
home Вести

Одбележување на Денот на сеќавање на Холокаусот

Одбележување на Денот на сеќавање на Холокаусот

Луѓето ширум Израел утрово во тишина стоеја две минути, во знак на почит кон шесте милиони Евреи кои беа убиени во текот на Холокаустот.

Сообраќајот запре, возачите ги оставија своите возила за да учествуваат во Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, најтажниот ден во Израел. Израелската телевизија и радио денеска емитуваат само сериозна музика и програми за Холокаустот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху учествуваше на церемонијата на полагање венци на споменикот на Холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим.

Илјадници млади Евреи од целиот свет денеска ќе учествуваат во „Маршот на живите“ од Аушвиц до Биркенау, во сеќавање на убиените во Холокаустот.  Околу 12-те илјади учесници во маршот на местата на некогашните логори на смртта, кои во окупирана Полска ги изгради нацистичка Германија, ќе ги предводи израелскиот претседател Реувен Ривлин,

Во периодот од 1940 до почетокот на 1945 година, нацистите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау убија околу 1,1 милион лица, од кои околу милион Евреи од различни европски земји. Логорот беше ослободен од страна на Црвената армија во јануари 1945 година. 

(Миа)

Коронавирус